Тајсон Фјури сака борба со Нгану

Актуелниот шампион во тешка категорија на ВБЦ, Тајсон Фјури ги објави плановите да се бори со освојувачот на титулата во УФЦ, Френсис Нгану.

Британецот е возбуден од идејата да се одржи боксерски меч со Камерунецот во кафез со ММА ракавици.

„Трениравме со Ник Дијаз и ми рече дека Нгану не може да се бори во секој случај, затоа очекувам да се борам со него во исправена позиција”, рече Фјури.

„Подготвен сум да одам против Нгану со мали ракавици – ајде да го направиме тоа“, додаде Фјури.

Борбата ќе се одржи откако Фјури во рингот ќе се справи со Дионтеј Вајлдер и Ентони Џошуа.

„По завршувањето на Вајлдер и Џошуа, ќе се борам во октагонот со Нгану – со ракавици од четири унци и само со удари“, рече Фјури.

Во моментов се подготвува за третата битка против Дионтеј Вајлдер, што ќе се одржи на 24 јули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО