Чарлс Оливеира е подготвен да се бори за титулата, особено ако успее да го победи Тони Фрегусон на УФЦ 256 во лесна категорија.
„Ако ја добијам оваа битка, јас ќе бидам следниот предизвикувач. Нема сомневање во тоа. Во моментов имам седум последователни победи. Тие ќе бидат осум по овој меч, а немам намера да го оставам во рацете на судиите. Ќе има осма завршница по ред. Нема што да чекам. Јас ќе бидам следниот предизвикувач.
Конор Мек Грегор се повлече повеќе пати, Пол Фелдер се повлече повеќе пати; сите се повлекуваат и потоа се враќаат. Но, тука станува збор за Хабиб. Неговото презиме, неговата религија … човекот категорично рече дека се повлекува. Некој ми рече дека се заколнал на гробот на татко му дека повеќе нема да се бори. Ако ова е вистина, нема враќање назад. Ако го направи тоа, ќе го прекрши зборот пред сопствениот татко. Но, мислам дека нема да се врати. Готово е”, рече Оливеира.
Оливеира има 7 последователни победи во категоријата, а исто така го држи рекордот за најмногу победи со завршница – 11.