Едвардс отпадна за мечот со Чимаев поради коронавирус

Еден од најинтересните и долго очекуваните мечеви во УФЦ до крајот на 2020 година ќе мора да се одложи.

Станува збор за битката во средна категорија меѓу Леон Едвардс и Хамзат Чимаев. Тие требаше да го предводат УФЦ Фајт најт 183, закажан за 19 декември.

Причината за одложувањето на средбата е таа што Британецот даде позитивен тест на коронавирусот. Веста сè уште не е официјално потврдена од организацијата, но голем број американски медиуми веќе потврдија што се случува.

Извори блиски до ситуацијата тврдат дека здравјето на Едвардс не цвета и дека Англичанецот изгубил скоро 5 килограми во последните неколку дена. УФЦ се надева дека средбата ќе се одржи во јануари или февруари 2021 година.

Најверојатно, мечот меѓу Гоф Нил и Стивен Томпсон ќе биде промовиран во главен на вечерта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО