Легендарниот Саенчаи го забележа првиот нокаут во 2020 година (ВИДЕО)

Безвременската мај тај легенда Саенчаи ја забележа првата нокаут победа во 2020 година.

Иако изминатата година не беше богата во однос на настапите на 40-годишниот ветеран, тој забележа пет победи. Неговите први 4 триумфи беа со едногласна одлука, но минатиот викенд тој конечно го скрши противникот.

Ова се случи на настанот „Тај фајт Ројанг“ во Тајланд. Во главниот настан на вечерта, миленикот на навивачите се сретна со Бразилецот Габриел дос Сантос, кој, сепак, едноставно не беше на нивото на Саенчаи.

Тајланѓанецот имаше  целосна контрола во мелот и го собори противникот во првата рунда, а по уште едно колено во втората рунда, Јужноамериканецот падна на подот и не можеше да застане на нозе.

Победата над Бразилецот беше 302-ра во кариерата на Азиецот, а на крајот на декември тој уште еднаш ќе влезе во рингот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО