Официјално: Хозе Алдо отпаѓа, Чад Мендез го заменува на УФЦ 189!

aldo sproti gregor

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, лично ја објави вестта дека Хозе Алдо нема да учествува на УФЦ 189. Излегува дека повредата е многу посериозна и шампионот нема да може да се бори на 11 јули против Конор Мек Грегор.

Сега Мек Грегор ќе излезе против Чад Мендез за привремената титула во перо категорија.

Потсетуваме дека минатата недела Алди го повреди реброто за време на вежбање. Сомневањата беа од модринка до скршеница, но и во двата случаи болката е силна и борецот не можеше ниту да тренира ниту да започне да симнува килограми, за да дојде до потребната тежина за неогвата категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО