АктуелноМеѓународна сценаММА

Официјално: УФЦ ќе одржи турнир на теренот на Белата куќа во 2026 година

На 4 јули 2026 година, УФЦ ќе направи историски чекор со организирање турнир на теренот на Белата куќа во Вашингтон.

„Тоа дефинитивно ќе се случи“, потврди претседателот на УФЦ, Дана Вајт, за ЦБС морнингс.

Според него, идејата веќе е разговарана со американскиот претседател Доналд Трамп, а остануваат само техничките детали да се разјаснат со администрацијата. Настанот ќе се совпадне со прославата на 250-годишнината од Соединетите Американски Држави.

Составот на борбената карта за првиот турнир на УФЦ во Белата куќа сè уште не е утврден, но се очекува на него да учествуваат некои од најголемите ѕвезди на организацијата.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON