Официјално: Чимаев – Витакер во јуни во Ријад

Дaна Вајт ја објави главната борба за деби настанот на УФЦ во Ријад, Саудиска Арабија.

Чеченската ѕвезда Хамзат Чимаев ќе го предводи настанот во битка со Роберт Витакер. Двајцата ќе се борат во средна категорија, а победникот најверојатно ќе добие шанса за титулата. Галата на УФЦ на АБЦ 6 ќе се одржи на 22 јуни во Саудиска Арабија.

Витакер е поранешен шампион во категоријата и ќе биде голем тест за Чеченецот. Роберт има скор од 25-7 во ММА и во февруари годинава го совлада Пауло Коста. „Жетварот“ губи само од најдобрите во категоријата.

Заврши 14 од своите натпревари ги заврши, а 4 пати беше завршен. Витакер загуби само од Израел Адесања и Дрикус Ду Плесис во неговите последни 17 борби во УФЦ. Адесања е поранешен шампион, а Ду Плесис е актуелен.

Чимаев има скор од 13-0 во ММА. Во последната борба на крајот на 2023 година во Абу Даби го победи Камару Усман. Хамзат заврши 11 од своите борби и има 7 победи под знамето на УФЦ. Настапуваше колебливо во борбите со Жилберт Барнс и Усман, што му донесе критики.

Сега Чимаев го добива еден од најдобрите во светот и повторно ќе може да ги демантира хејтерите. Победата над Витакер ќе му донесе шанса за појасот, но тој нема американска виза, што ќе биде голем проблем.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ESPN MMA (@espnmma)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО