Легендарниот шампион на УФЦ маестрално заврши 32 сантиметри повисок и 42 килограми потежок горостас (ВИДЕО)

Деметриус Џонсон, актуелниот шампион во мува категорија на ОНЕ и борец кој заедно со Џон Џонс го држи рекордот на УФЦ по бројот на одбрана на титулата (11), минатиот викенд ги покажа своите супериорни вештини за приземјување и го освои првото место на Панамериканското првенство ИБЏЏФ во категоријата до 70 кг. „Мјати маус“ постигна победи над Карлос Алберто Моралес, Софанарит Ама и Марсија Луис Фереира Фиљо на патот кон највисокото скалило на подиумот, но најголемо внимание привлекоа неговите борби во „отворената категорија“.

Џонсон (висок 160 сантиметри и тежок 70 килограми) се осмели да се бори со малку поголеми противници, а физичките недостатоци успеа да ги надомести со вештини за приземјување во арената на паркот Осцелоа Херитиџ во Кисими (Флорида, Соединети Американски Држави). Иако во финалето беше запрен од Брендон Пол Гањон, 37-годишникот остави одличен впечаток, особено во осминафиналето против шампионот во тешка категорија, Мајкл Санте Медина.

„Ако не успеам, раскажи ја мојата приказна на жена ми, во ред?“, рече добро расположениот Деметриус пред пресметката со противникот висок 192 сантиметри и 112 килограми, а потоа истрча на душекот каде што го чекаше Санте Медина. На шампионот на ОНЕ на почетокот не му беше лесно, по првичниот тест на силите, во еден момент физички надмоќниот противник го фати за кимоното и го ротира околу својата оска, што изгледаше малку комично. Сепак, „Мајти маус“ не дозволи да се поколеба и по околу две минути од мечот успеа да го приземји Медина со соборување со „една нога“. Во времето што следеше, тој го контролираше противникот, трпеливо ја градеше својата позиција и на крајот го принуди тешкашот да се предаде со одличното гушење „лак и стрела“. Како изгледаше целата борба можете да погледнете во следното видео (на делот кој почнува од 39:15 часот).

https://www.youtube.com/watch?v=F2l7yNY027I

„Тој е ѕвер, човеку. Тој е добар и тежок, да се задржи тој тип на место е најтешката работа досега. Тој е тежок противник и го почитувам“, поразениот Санте Медина му се поклони на еден од најдобрите ММА борци во историјата по полу финалниот меч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО