Одложени Европските таеквонодо квалификации за мај

По соработката меѓу Светската таеквондо федерација и Бугарската федерација, Светската таеквондо федерација Европа донесе заклучок да се одложи Европскиот квалификациски турнир за Токио 2021 година кој требаше да се одржи во јануари 2021 година во Софија-Бугарија.

Ова е направено со цел да им се даде повеќе време на спортистите да се подготват, а МНА да се осигура дека сите ќе бидат во можност да патуваат за овој важен турнир.

Европски квалификациски турнир за Олимписките игри во Токио 2021 година ќе се одржи на 7 и 8 мај 2021 година (Кјоруги) и 9 мај 2021 година (ПАРА) во Софија, Бугарија.

Европското првенство за сениори Г4 ќе се одржи 8-11 април 2021 година во Софија, Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО