Џошуа до Фјури: Нема каде да бегаш, идната година ќе мора да се сретнеме

Британскиот боксер Ентони Џошуа изјави дека следната година сигурно ќе има дуел со Тајсон Фјури и дека е подготвен да се сретне со него по подолго време.

Во сабота се очекува дуелот на Џошува со Кубрат Пулев за одбрана на титулите во ВБА, ВБО и ИБФ верзијата. Британецот тврди дека борбата со Фјури е неизбежна и го предупреди дека ќе му биде тешко да го одложи тој натпревар.

„Подготвен сум за тој Фјури подолго време и натпреварот во сабота нема да промени ништо. Тој знае дека ќе се борам против него, секогаш велев дека ќе бидам, јас сум многу директен кога станува збор за тоа. Сепак, реалноста е дека дуелот доцни, а ќе биде полошо за него, бидејќи станувам сè подобар и подобар. Не ме интересираат неговите обиди да ја нарушат мојата концентрација. Ако нешто ме мотивира, тогаш тоа е она што е пред мене следната година“, вели Џошуа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО