Одложени европските првенства и светскиот куп во самбо

На состанокот на Извршниот комитет на Европската самбо федерација (ЕСФ) се донесени се повеќе одлуки за одложување на европски првенства и светски куп.

Така, Европското првенство во Самбо 2020 (Екатеринбург, Русија) од 21-25 мај 2020 година е презакажно за 17-21 септември. Исто така го одложи изборниот Конгрес на Европската самбо федерација за 17 септември 2020 година.

Европското првенство во самбо за јуниори кое беше закажано од 9 до 13 април 2020 година во Панаѓуриште, Бугарија, е одложено за 10-14 декември 2020 година.

Меѓународните натпревари „Меморијал Ј. Потапов“, од 24 до 28 април 2020 година во Владивосток, Русија, се одложени за 16-19 октомври.

Светскиот куп во самбо „Меморијалот на А.А. Карлампиев“, којј требаше да се одржи изминатиов викенд во Москва, се одложи за летото. Датумот на одржување дополнително ќе биде објавен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО