Потсетете се на најголемите моменти во кариерата на Цикатиќ (ВИДЕО)

На 66-годишна возраст почина легендарниот хрватски и југословенски борец Бранко Цикатиќ.

„Хрватскиот тигар“ стана легенда за боречките вештини, кога на 38-годишна возраст, во 1993 година, го освои први К-1 Гранд при нокаутирајќи го во финалето Ернесто Хуст.

Пред да замине за Јапонија, Солинчанецот направи големо име и се бореше со најпознатите борци во тоа време.

Како член на Чакурики од Амстердам се бореше во Јапонија, САД, Австралија и низ цела Европа. Таму направи долгогодишно пријателство со друга легенда, Питер Аертс, а неговиот тренер Том Харинк во Далмација го пронајде својот втор дом.

Ги освојуваше титулите европски и светски шампион во фул контакт, тајландски и кик бокс.

Цикатиќ два пати во 1987 година во Амстердам и 1989 година во Дизелдорф го победи идниот светски шампион во бокс, Карл Томпсон, кој во боксерскиот ринг го нокаутира Дејвид Хеј и двапати го совлада Крис Јубенк.

Три пати се бореше со Ернесто Хуст. Откако прв пат беше поразен со дисквалификација во следните две средби го нокаутираше „Мистер Перфект“.

Во март 1992 година во Лас Вегас се ожени со Денис Алексис, кој дополнително се прослави глумејќи со Жан-Клод Ван Дам во филмот Кикбоксер. Уште во 1987 година загуби од Дон Вилсон во Орландо, а ги нокаутира Мусаши и Андре Манарт.

https://www.youtube.com/watch?v=lEXCB1kebRA&feature=emb_logo

Најславниот во кариерата го доживеа на 30 април 1993 година кога во Токио на 38-годишна возраст стана првиот победник К-1 Гранд при.

Во четвртфиналето во првата рунда го нокаутира Тајландецот Чангпуек Киацонрита, во полуфиналето во третата рунда Масааки Сатаке и во финалето во  првата рунда Ернесто Хуст.

https://www.youtube.com/watch?v=_kU5pwTrvEA&feature=emb_logo

https://www.youtube.com/watch?v=KAa9nJE4EXo&feature=emb_logo

Под водство на Цикатиќ, Мирко Филиповиќ ја почна кариерата во Јапонија, но односите наскоро станаа трајно нарушени.

Два пати настапи и во Прајд, но тогаш веќе беше во години и неговата ММА кариера престана по поразите од Марк Кер и УФЦ шампионот во лесна категорија, Морис Смит.

Беше долгогодишен претседател на Хрватскиот сојуз за тајландски бокс.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=lZfIx0UK2qg&feature=emb_logo

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО