Одличен успех на МТТФ на „Тирана опен“-освоени 21 медал и 5 пехари за најдобри поединци

Натпреварувачите на Македонската традиционална таеквон-до федерација викендов освоија 21 медал – 8 златни, 9 сребрени и 4 бронзени во сабота на Меѓународниот турнир „Тирана опен 2024″ во Албанија, како и пет пехари за најдобри поединици, а во вкупниот пласман се втори.

За најдобри поединци добија Давид Ристески, Михаил Крстаноски, Миа Танеска, Бојана Китаноска и Елена Јанеска која беше избрана и за најдобра јуниорка на натпреварот и доби 100 евра парична награда, додека во севкупен пласман го освоија пехарот/ плакета за второ место.

Македонија настапи со 19 натпреварувачи од 4 клуба, тројца судии, двајца тренери и две официјални лица.

Медали по клубови:
Хва ранг ИТФ – Лескоец, Охрид – 6 златни 5 сребрени 2 бронзени и 4 пехари за поединици

Мастер – Охрид – 1 златен и 3 сребрени

Чонџи – Косел, Охрид – 1 златен, 1 сребрен и пехар за најдобар поединец/ кадет

Сонкал – Мислешево, Струга – 2 бронзени.

На турнирот учествуваа 27 клубови од 7 земји од Европа – Италија, Шведска, Ирска, Хрватска, Косово, Албанија и Македонија.

„Можеме да ги пофалиме организаторите за одлична организација и за квалитетниот натпревар, кој по 2-3 месеци пауза ни беше повеќе од потребен. Воедно кориситме прилика да го најавиме Државното првенство во таеквон-до ИТФ на 16 март во малата сала СРЦ „Билјанини извори“ кое ќе биде органзирано од Мастер, првиот отворен клуб во Македонија, и ја има честа да биде организатор. Право на учество имаат сите членови на МТТФ. По државното првенство ќе учествуваме во Корча на Албанија опен, кој ќе ни биде одличен тест за наредното Европско првенство во Копер, Словенија, 15-22 април оваа година“, изјави претседателот на МТТФ Марјанчо Лазаревски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО