Винисиус Оливеира сака да се бори со лесниот Умар Нурмагомедов

Винисиус Оливеира, кој се прослави минатиот викенд со лудиот нокаут со летечко колено на УФЦ Вегас 87, го насочи погледот кон друг противник со исто толку познато име – Умар Нурмагомедов.

Во прелиминарната борбена карта на УФЦ Вегас 87 Бразилецот Оливеира со моќно летечко колено на 20 секунди пред крајот на мечот го нокаутира Бернардо Сопаја. Тој го направи своето деби во УФЦ по успешната серија во „Контендер“ на Дана Вајт. На истата гала вечер, но на главната карта, Умар Нурмагомедов се бореше против Бекзат Алмахан, кого по три рунди го победи со одлука.

Иако самиот Нурмагомедов би сакал на следниот меч да се соочи со Кори Садхаген, Винисиус Оливеира е убеден дека лесно ќе се справи со Русинот, кој се бори на предвидлив начин:

„Би сакал да се борам со Умар Нурмагомедов. Сигурен сум дека борбата против него би била лесна борба за мене, бидејќи има едноставна борба. Би можел да ме собори, но јас работев многу напорно на мојата одбрана.

Прилично сум сигурен дека ќе го победев овој човек во првата рунда, бидејќи мојата единствена грешка беше бранењето од соборување. Сега ќе се вратам на тренинзите и ќе тренирам напорно за да не се повтори тоа.

Нокаутот со летечко колено беше одличен. Никогаш порано не сум видел нешто слично. Ќе влезе во историјата на УФЦ. Моето деби во УФЦ беше одлично. Долго ќе зборуваат за него. Сите ќе го спомнат тоа“, изјави Оливеира.

Винисиус има скор 20-3 во ММА и во 16 мечеви победи со нокаут.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО