Од штабот на Џошуа го отпишаа Пулев

Pulev dzosua glavi

Еди Херн очигледно не го вбројува Бугаринот Кубрат Пулев за опасен противник и не смета дека тој може да му го нанесе првиот пораз во досегашниот незапирлив од на Ентони Џошуа во професионалниот ринг.

Британецот има 17 победи со нокаут и ниту еден пораз и оди напред со крената глава по патот на Владимир Кличко. Слично на поранешниот светски шампион и тој е носител на олимписки златен медал, а во моментов е шампион на ИБФ.

Се очекува Пулев да се сретне со фамозниот нокаутер на 26 ноември, а средбата треба да биде во Манчестер или Кардиф. Средабат уште не се одржала, а менаџерот на Џошуа веќе прави планови за следниот ривал, односно против кого ќе ја брани титулата.

„Џозеф Паркер и Тони Прајс ќе одредат кој заслужува да ги одмери сили со Ентони следната година. Победникот од овој меч, кој сакаме да биде загревање за Џошуа и Пулев, ќе добие шанса за светската титула во март. Ова ќе биде нешто како елиминација. За целта има уште многу работи што треба да се утаначат. Како прво, да видиме дали ќе се договориме со Пулев, а потоа и за останатите средби за загревање“, ја коментира ситуацијата Херн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО