Објавија со кого ќе се бори Кличко при враќањето во рингот

Поранешниот шампион во тешка категорија, Владимир Кличко, ќе се врати во рингот на мечот против друга легенда Шенон Бригс. Ова го објави самиот Американец на подкаст.

„Денес се согласив да се борам со Владимир Кличко кога ќе се врати. Вие сте првиот што го знаете ова. Дури и сопругата сè уште не знае. Момци, вие сте првите, се колнам во Бога. Сè уште никој не знае“, рече Бригс.

Тој не знае дали тоа ќе биде официјална битка или само егзебициски, како што е модерно сега.

„Немам идеја каков ќе биде мечот. Пред неколку часа ми се јавија и ми рекоа: „Еј, сакаш да се бориш со Владимир?“ Јас реков: „Да! Дозволете ми да го имам шампионот! “, додаде поранешниот светски шампион.

Откако во април 2017 година загуби со нокаут од Ентони Џошуа, Кличко ја заврши кариерата, а неодамна неколку пати навести дека сака да се врати и да го подобри рекордот на Џорџ Форман како најстар шампион во тешка категорија.

Форман имал 45 години кога го победил Мајкл Мур во 1994 година. Во март Кличко наполни 45, а Бригс 49. Шенон последен пат се појави во рингот пред точно пет години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО