Петар Арсовски е во четвртфиналето на Државниот шампионат на Бугарија (ФОТО)

260

Петар Арсовски (52 кг), кој настапува и за Локомотив од Софија, забележа тесна победа во бескопмромисна борба на Државниот поединечен шампионат на Бугарија и се пласира во четвртфиналето.

Во овој највозбудлив меч во 52кг во рамките на осминафиналните мечеви се сретна со Џан Брсиев од Русе.

„Овој меч практично беше финале пред финале, ако се земе во обѕир дека двајцата боксери се фаворити и веќе се имаат сретнато и претходно во рингот.

Тежок меч со многу пресврти… отиде во корист на Арсовски со одлука од 2 -1“, вели Александар Арсовски.