Бобан Илиоски на спаринг подготовки во Бања Лука за профи мечот со Селимовиќ (ФОТО)

Бобан Илиоски се подготвува за профеисоналниот кик бокс меч на 14 јуни во Белград-Ковилово против Месуд Селимовиќ од Босна и Херцеговина. Борбата е во ВАКО-Про во категоријата до 84 кг по К-1 правилата во три рунди.

„Поради тоа што му требаат соодветни спаринг-партнери за престојната професионална борба со Селимовиќ, кои во нашата земја ги нема од негова класа, за да се подготви соодветно Бобан е заминат во Бања Лука. Таму две недели ќе спарингува со Чедо Пантиќ кој се подготвува за настанот на „Мегдан“ на 14 јуни. Тренер на Кик бокс клубот Хектор, каде што престојува Бобан е Предраг Станковиќ“, вели тренерот Дејан Митровски – Урко и додава:

„Бобан вели дека многу братски го пречекале и работат повеќе тренинзи на ден и дека му многу му посветуваат внимание. Нашиот кикбоксер изрази благодарност за гостопримството во клубот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО