Објавено е колку ќе заработат Федор и Бадер

Спортската комисија на Калифорнија ги објави пријавените заработувачки за Белатор 214 кој ќе се одржи вечерва спрема недела во Лос Анџелес.

Главната борба на вечерта е финалето за Големата награда и титулата во тешка категорија меѓу Федор Емелијаненко и Рајан Бадер.

Русинот ќе заработи 300.000 долари без бонус за победа. Бадер ќе заработи 150.000, и тој во случај на победа нема да добие бонус.

Арон Пико ќе добие 45.000 долари (уште толку за победа) за борбата со Хенри Коралес (35.000 + 35.000 долари).

ВВЕ ѕвездата Џејк Хагер (Џејк Свагер) за дебито против Џ.В. Кисера (7.000 + 7.000 долари) ќе заработи 50.000 долари.

Овие бројки не ги претставуваат вкупните приходи на борците, како што се приходите од спонзорите или дополнителните бонуси кои не се јавно објавени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО