Хабиб откри зошто скокнал да го тепа Данис: Причина не беа неговите зборови…!

Хабиб Нурмагомедов го победи Конор Мек Грегор на УФЦ 229, а потоа веднаш скокна да се тепа со Дилон Данис кој беше во аголот на Ирец. Доста теории имаше за причината што го натера Хабиб да го стори тоа и сите мислеа дека Данис го навредил, но се покажа дека не е така. Во неодамнешно интервју Хабиб тврди дека му скокнал на Данис, бидејќи другите од тимот на Конор биле премногу стари и немало како да се тепа со нив.

„Не слушнав дека ме навредува. Скокнав да се тепам со него, бидејќи другите од аголот на Мек Грегор беа престари. Не сакав да скокам на другите, бидејќи тие се стари, а Данис е речиси на мои години. Немаше како да скокнам и да се тепам со Џон Кванаг, затоа што тој е стар и не може да се бори со мене.

Отидов да се пресметам со Данис и не слушнав ништо, бидејќи беше премногу бучно. Не ми се допаѓаат сите од тимот на Мек Грегор. Избрав што да правам, но другите од неговиот тим се премногу стари и се речиси на годините на татко ми. Затоа и му скокнав на Данис“.

https://twitter.com/GetlifeStyles/status/1088472333029949441?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fmma.bg%2Fnovini%2Fmma-novini%2Fkhabib-skochil-da-bie-dillon-danis-zashtoto-drugite-bili-prekaleno-stari

Поради тој инцидент Атлетската комисија на Невадана 29 јануари треба да донесе одлука за казните на Хабиб и Конор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО