Федор: Не жалам што не бев дел од УФЦ, неговата слава е измислена! (ВИДЕО)

Федор Емилијаненко е една од најголемите легенди и икони на ММА. Си изгради име во Јапонија, каде што оствари поголем дел од своите борби за Прајд и Рингс. Цели 9 години беше непоразен во кафезот и беше во серија од 27 последователни победи пред да отиде во Страјкфорс и да забележи 3 последователни порази од Вердум, Силва и Хендерсон.

Федор има 44 борби во кариера, но никогаш не успеа да се натпреварува во УФЦ, иако од организацијата правеа обиди да го привлечат. Сега е во Белатор и ќе има шанса да го освои турнирот во тешка категорија овој викенд, а за тоа што не бил во УФЦ, Емилијаненко не жали.

„Не можам да ви кажам што ќе се случи во мечот со Бадерr. Сите сакаме да победиме, по можност најбрзо, но кога ќе дојде борбата работите се одвиваат различно. Бадер многу добро ги знае предностите и слабостите на противниците и може многу добро да го искористи тоа. Тој многу добро си ги знае и своите силни и слаби страни и знае како да ги користи. Оваа битка е многу важна за мене.

Апсолутно не жалам за тоа што не сум се бил во УФЦ. Немам желба да се борам за нив. Ми се допаѓа да се борам во Белатор и мојот однос со претседателот Кокер. Mислам дека славата на УФЦ е вештачки создадена. Кај нас во Белатор луѓето имаат многу подобар однос со борците и се однесуваат многу добро со нив. За мене, Белататор е подобра организација“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО