Нуров имаше прием кај претседателот Пендаровски

Освојувачот на бронзениот медал на Светското првенство во борење во Казахстан, Магомедгаџи Нуров, и прв спортист со освоена олимписка норма за ОИ во Токио 2020 година, завчера имаше прием кај претседателот на Македонија Стево Пендаровски. Нуров на Инстаграм објави фотографија од приемот кај шефот на државата.

„Честитки за бронзениот медал на Магомедгаџи Нуров, освоен на Светското првенство во борење, како и за освоената олимписка норма. Честитки и за неговиот тренер Љуљзим Вранези, како и за боречките клубови во нашата земја за постојаниот труд и создавање на нови генерации спортисти. Да создадеме услови за успешно учество на Нуров на Олимписките игри во Токио 2020. Со среќа!“, му посака Пендаровски.

Нуров го заслужи првиот медал за Македонија од мундијалите по сребрениот на неговиот личен тренер Могамед Ибрагимов од СП 1998 во Иран.

Нуров има 26 години и е од Махачкала, родниот град и на Ибрагимов, единствениот македонски спортист што освоил олимписки медал по осамостојувањето на Македонија – бронзен во Сиднеј 2000.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО