Нуиши и Мустафовски на прием кај генералниот секретар на ССФМ Борче Боев!

Kaj borce 2015-10-28 12.11.39

Борачите кои освоија бронзени медали на обновеното Балканско првенство за кадети во Бурса-Турција, Бунјамин Нуиши (-69 кг) и Рамадан Мустафовски (-76 кг) со тренерот Назми Али денеска беа примени од генералниот скретар на Сојузот на спортски федерцаии на Македонија, Борче Боев.

На Балканското првенство Македонија освои четири бронзени медали, а во екипна конкуренција сме четврти

Бунајмин Нуиши (БК Тефејуз) истакна дека првата борба ја добил со 9-0, однонсо со туш, против претставник на Србија, потоа со технички туш е подобар од борачот од Турција, а во решавачката борба за бронзениот медал славел над противник од Косово.

„Ќе тренирам повеќе за да стигнам до поголеми и до повредни резултати на европско и на светско првенство“, изјави Нуиши, кој со борење се занимава 4 години.

kaj borce so Nase 2015-10-28 12.27.43

Тој ќе настапи на турнирот по повод 13 Ноември, денот на ослободувањето на Скопје, кој воедно ќе се третира и како Државно првенство за кадети.

Рамадан Мустафовски (БК Тефејуз) до медалот дошол откако во првото коло бил слободен, а потоа за влез во финалето е поразен од бугарскиот репрезентативец, но во борбите за бронзениот медало е сигурен во себе и ги победува претставниците на Грција и Косово.

„Се надевам дека ќе бидам и подобар, за да освојам медал на Европското првенство за јуниори“, истакна Мустафовски, на кого ова е му е седма сезона како тренира борење.

Се надеваме дека нивните први медали во иднина ќе се надоградат со нови и повредни од големите манифестации.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО