Прв семинар со доџо чо Мицутеру Уешиба Сенсеи!

24.10.2015 Makedonskite aikidoki so Vaka Sensei

За прв пат на Балканот одржа семинар доџо чо Мицутеру Уешиба сенсеи, правнук на создавачот на аикидото о’ сенсеи Морихеј Уешиба. На семинарот присуствуваа околу 500 учесници од 18 различни држави.

Семинарот се одржа на 24 и 25 октомври во Софија, Бугарија, по повод „30 години аикидо во Бугарија“ и „25 години од постоење на Бугарската аикидо федерација“.

grupna fotografija

На семинарот имаше и претставници од Македонија. Како претставници на Аикидо клубот „Пат кон мирот“ беа Илија и Трајко Манасиеви 2 дан (Аикикаи Хомбу доџо Токио), со своите помошници Ергин Садиковиќ 1 дан и Иван Хаџи Стојанов 1 дан. Аикидо клубот „Пат кон мирот“  има скоро 18 годишна соработка со учители од Бугарската аикидо федерација, работејќи под техничко водство на сенсеи Христо Михаилов 5 дан (Аикикаи Хомбу доџо Токио).

Освен претставниците на Аикидо клубот „Пат кон мирот“ на семинарот со своите ученици од Македонија, присуствуваа и учителите Кирил и Методиј Пашоски 3 дан (Аикикаи Хомбу доџо Токио) од Аикидо клубот „Хоши“ од Скопје, како и Дамјан Цингарски 3 дан (Аикикаи Хомбу доџо Токио) учител во Аикидо клубот “Хенбо“ од Скопје.

Доџо чо Мицутеру Уешиба сенсеи, објаснуваше и демонстрираше основни форми од напади од различни фатови, но и напади од директни и странични удари. Меѓу друтите техники, тој се осврна најмногу на техниките: ирими наге, тенчи наге, мороте дори, икјо и никјо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО