Ин мемориам: Марио Србиноски-Ѕвезда што еднаш се раѓа никогаш не згаснува!

150

mario so drugarite 2

Прераното и ненајдено заминување од овој свет на џудисотот на ЏК Пролетер од Прилеп и репрезентативец, Марио Србиноски, ги потресе сите во клубот, џудо круговите во Македонија и градот под Марковите кули. Тоа е голема загуба за македонскиот спорт и за неговите најблиски, познаници, пријатели и колеги од МВР.Mario Srbinoski

„Србиноски Марио, член на Џудо клубот Пролетер -Прилеп уште од својата најрана младост е ѕвезда која се роди на татамите, внесе борбен дух, пријателство, храброст и пожртвуваност. Не постојат зборови, кои можат да го оправдаат твоето напуштање од овој свет. Можеби имаше краток живот, но со долга историја, секогаш беше вистински другар со секој член во нашиот клуб. Ти благодариме за убавите моменти поминати со нас, ти благодариме за другарството, љубовта и спортскиот дух кој го ширеше во нашиот клуб. Се гордеевме со тебе што те имавме, ти благодариме за твојот допринос во клубот и пошироко. Сите ние изгубивме еден скапоцен Божји дар за кој ќе тагуваме засекогаш. Потребна ни беше една минута да те запознаеме, еден час да те засакаме, а една цело вечност да те паметиме. Но ако Господ- Бог е единствениот кој што не е виден, а се верува во него, тогаш ти си единствениот кој што не мора да биде присутен, за да биде сакан.
Ѕвезда што еднаш се раѓа никогаш не згаснува
Почивај во мир, секогаш ќе бидеш во нашите срца !
Почит и сочувство кон семејството“, ЏК Пролетер -Прилеп и Џудо федерацијата на Македонија.

Mario so drugarite