Нокаут по удар во глава го затресе Бразил (ВИДЕО)

Мајк Линарес го нокаутира спектакуларно Фабрицио Оливеира во Бразилската борбена серија 1. Настанот се одржа во Рио де Жанеиро, Бразил.

Видеото од спектакуларниот удар во главата на Оливеира стана хит на социјалните мрежи.

Линарес упати сериозно барање со оваа изведба и беше забележана од ММА јавноста. Тој веќе има шест победи во последните седум меча. Неговата статистика е 15-3.

Еден од најомилените коментари, се уште доминираат емоциите за време на Олимпијадата, гласи – „барем овде таквите удари во главата се почитуваат, а не се дисквалификува за нив“. Корисникот на Твитер се повикува на Арег Хамеди од Саудиска Арабија, кој беше дисквалификуван во финалето на олимпискиот карате турнир (+75 кг).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО