Хабиб Нурмагомедов е блиску до потпис со фудбалски клуб

Фудбалскиот клуб од Махачкала „Легија-Динамо“ навести потпишување договор со поранешниот шампион на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов. Легија-Динамо се натпреварува во третото ниво на рускиот фудбал.

Пред неколку дена го совладаа Анжи Махачкала и се пласираа во Купот на Русија. Шамил Лахиалов, кој е претседател на клубот, изјави дека има големи битки пред Легија-Динамо и дека им се потребни големи воини.

Фотографија од Хабиб како преговара со Лахиалов беше објавена на профилот на клубот на социјалните медиуми. Велат дека заедно со Нурмагомедов ќе се подготват за највисоко ниво во рускиот фудбал.

„Нашата Легија ја чека голема битка. Ни требаат големи воини. Се подготвуваме за руската Премиер лига заедно со Хабиб“, напишаа од клубот.

Нурмагомедов никогаш не криел дека сонува за фудбаско деби. Ова е еден од неговите соништа и наскоро ќе го видиме на теренот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО