Ништо од руско-американското дерби Поветкин – Вајлдер!

Vajalder muskuli

Очекуваното руско- американско дерби во тешка категорија за титулата на Светскиот боксерски совет меѓу Александар Поветин и Дионтеj Вајлдер нема да се случи во 2015 година. Ова го навести менаџерот на непобеделивиот боксер, Џеј Деас.

„Наесен Поветкин нема да биде противникот на Дионтеј. Мислевме Крис Ареол да биде следниот противник на Вајлдер, но тој не покажа ништо во последниот меч“.

Светскиот боксерски совет во октомври ќе го објави датумот до кога треба Поветкин и Вајлдер треба да се договарт. Ако тоа не се случи, ќе се закаже аукција. Според првичните прогнози, дерби мечот че биде во почетокот на 2016 година. Дотогаш двете ѕвезди може да имаат по една средба. Американецот 26 септември има борба, додека штабот на Русинот се уште чека.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО