Бразил лудува за Ронда и Бет! (ВИДЕО)

ronda fanovi

Четврта епизода на УФЦ 190 Ембедед ги следи борците на отворениот тренинг, последните подготовки, медиумските активности, како и на вонредно напната ситуација меѓу Ронда и Бет.

Бразилците одлучиле отворениот тренинг да го прават на Копакабана и тоа беше вистинска одлука, затоа што се собраа голем број на фанови, а мора да се признае дека Бет Кореија и Ронда Русеј беа поздравени со подеднакви овации. Ронда цела недела споменува колку го сака Бразил, а се чини дека и тој ја сака .

Стефан Струве и Џесика Агилар тренираат заедно, а се чини дека разликата во висината не претставува голем проблем, покрај тренингот и добро се забавуваат. Бет Кореија се уште не ги симлнала вишокот на килограми, и на крајот, сите се вратија да направат медиумски активности.

Шлаг на тортата, со исклучоци интензивната и напнатата конфронтација меѓу Ронда и Бет. Ронда остана поприлично ладна на заканите од Бет. Впрочем, се што е важно, ќе се случи во сабота во кафезот на УФЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО