Македонката Нина Ансароф доби веренички прстен… (ФОТО)

Македонката Нина Ансароф која настапува со голем успех во УФЦ, доби нешто што не се одбива – веренички прстен.

Имено, Ансароф долги години е во врска со шампионаката на УФЦ, Аманда Нунеш која се уште не ја закажала следната борба, но, како што наведуваат во ММА круговите, едно е сигурно – веќе се слуша чукањето на камбаните.

Шампионката во бантам категорија предлогот на својата колешка Нина Ансароф го соопштила за време на викендот и двете раодсната вест ја споделија на социјалните мрежи.

https://www.instagram.com/p/Bmogo2KhteA/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/Bmog7UXBOdN/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control

Нунеш и Ансароф се во врска од 2012 година, а се среќаваат во салата на Америкен топ тим во Флорида. Од тогаш двете жнеат успеси во октагонот, Нунеш ја победи Миша Тејтe на УФЦ 200, со што стана и УФЦ шампион, а Ансароф е во топ 10 во сламка категорија со три последователни победи.

По големата победа на Нунеш на УФЦ 200, двете почнаа да зборуваат потворено за нивната врска, па дури и зборуваа за нивните планови еден ден да се оженат и да имаат деца. Се чини дека првото е на пат да се оствари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО