Луис: Фјури е најдобар кога е најважно

Ленокс Луис го пофали Тајсон Фјури заради борбата со шампионот на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер.

Овој меч, најверојатно, ќе се одржи во ноември во Лас Вегас, а Луис, кој во 2015 година не веруваше дека Фјури може да го победи Владимир Кличко, сега верува дека „Кралот на Циганите“ може уште еднаш да се врати на тронот во тешка категорија

„Тајсон Фјури веќе ме изненади во минатото. Не мислев дека ќе биде така добар против Владимир. Беше подобар отколку што очекував“.

Поранешниот неприкосновен шампион во тешка категорија верува дека Фјури е еден од оние борци кои се најдобри во најважниот момент, додека во не така важните мечеви може да изгледа помалку импресивно.

„Некои борци се најдобри кога тоа е најважното и тој ми изгледа како еден од борците кои се најдобри кога е најважно“.

„Можеби му треба неколку борби за да се загрее за голема борба, но кога ќе дојде до неа тој е вистинскиот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО