Фјури: Дионтеј Вајлдер е како создаден за мене, па ќе си плати

Поранешниот шампион во тешка категорија Тајсон Фјури верува дека е во можност да го порази опасниот шампион на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер.

Фјури (27-0, 19KO) се врати во игра минатиот викенд откако лесно извојува победа над Франческо Панета.

По борбата Фјури објави дека го финализирал договорот со Вајлдер (40-0, 39KO) и дека ќе се борат некаде во ноември во Лас Вегас.

Вајлдер, кој успеа да ги нокаутира сите противници, се смета за еден од најопасните боксери кои нокаутираат само со еден удар.

Сепак, Фјури потсети дека Владимир Кличко ја имал истата репутација, но Кралот на Циганите успеал да го порази во ноември 2015 година во Германија.

Фјури не се плаши од силата нан ударите на Валјдер, затоа што е сигурен дека може да се одбрани.

„Не е лошо да имаш сила, но ако не можеш да ја искористиш, тогаш таа нема смисла. Владимир Кличко беше многу силен. Тој е еден од најголемите десничари во боксерската историја и успеваше да ги задава, но не беа многу ефикасни – знам како да се заштитам“.

„Тешко е некој да ме удри чисто. Направив грешки на средбите против Невен Пајкиќ и Стив Канингем, но веќе сум друг борец. Не ги силувам работите, си давам време. Се борам мирно и одбрано – постојано размислување како да дејствувам“.

„Не сум лесен за погодок. Ја признавам силата на Вајлдер, но брадата не ми е од стакло. Ќе правам удари и ќе се борам. Не излегувам во рингот за да си играм играчки. Ќе пропушта и ќе го натерам да си плати. Ми се чини стилот како да е порачан за мене – со тие негови замавнувања. Верувам дека сум подобар боксер од технички аспект“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО