Вондерлеј Силва се кандидира за Конгресот на Бразил

Вондерлеј Силва тргна во политичка кампања.

Познатиот ММА борец се кандидира за место во бразилскиот Конгрес на изборите во октомври.

„Дојде нашето време. Среќен сум поради вашата поддршка. Браќа, ви го ставам моето име на располагање. Ние нема да имаме налепници, возила со разглас, билборди … Никој не дава 100 за да добие 50. Кога ќе видите кандидат кој троши премногу отворете очи. Мојата кампања ќе биде Гандиевска. Едноставно, со љубов и искреност меѓу пријателите“, изјави 42-годишниот Силва.

На 29 септември, Силва се бори со Квинтон Џексон по четврти пат. Мечот се одржува осум дена пред изборите во Бразил, а тиеосум дена ќе одлучат понатамошниот пат на поранешниот шампион на Прајд.

„Ова може да биде последната борба. Се кандидирав за федерален пратеник. Тоа е нова кариера и ново време во мојот живот. Чувствувам потреба за тоа. Има одредени типови кои нема што да бараат во политиката, еден куп на сиромашните момци, скапани момци кои дошле да крадат од луѓето. Мора да се поставите луѓе со идеали и оние кои веќе имаат пари, за да не мора да крадат од луѓето. Ако изберат во конгресот ќе тргнам по еден пат, а ако не, веднаш ќе одам по друг пат. Но, намерата ми е ова да биде мојата последна борба. Доста направив. Но, многумина се враќаат. Мислам дека мојата изведба на крајот ќе одлучи дали да продолжам или не“.

https://www.instagram.com/p/Bmn_NZIgzuL/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО