Николоска ќе ја бара шансата на некој друг турнир!

Katerina Nikoloska kimono

Џудиската Катерина Николоска во категоријата до 63 килограми на силниот турнир „Гранд при Загреб 2015“ беше поразена од репрезентативката на Австрија, Хилде Дрекслер, која доби ипон, додека Никлоска заработи две казни (шидо). И по овој турнир нашата репрезентативка шансата за изборување на олимписка норма ќе мора да ја бара на некој друг турнир.

Во нејзината категорија прва е Словенката Тина Трсенњак, втора Кларис Ажбенжену од Франција, додека третото место го делат Јарден Герби од Израел и Едвиџ Гвенд од Италија.

ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО