Холивуд навива за Мани, поп ѕвездите за Флојд! (ВИДЕО)

Mani i FGlojd izberete rakavici

Рапери и актери ќе заработат пари од мечот

Средби, како оваа меѓу Мејведер и Пакијао, многу излегуваат од рамките на спортот. Сите се интересираат за средбата. Вклучувајќи големи ѕвезди од филмот и музиката, кои ќе бидат во првите редови во МГМ Гранд и ќе ги гледаат случувањата во рингот од близу. Пред средбата многу актери и пејачи јавно ја изразија својата поддршка за еден од двајцата боксери. Впечаток е дека повеќето актери ќе навиваат за Мани Пакијао. Филипинецот ќе ја добие поддршката на двете најголеми акциски ѕвезди – Силвестер Сталоне и Арнолд Шварценегер, кои навиваа за него и на неговиот последен натпревар во Макао. Кијану Ривс и Мики Рурк, пак, лично отидоа во салата, за да му посакаат успех на Мани. За Пакијао ќе навива и актерот Марк Валберг, кој може да заработи и 250.000 долари при победата на својот човек. Валберг се обложи со раперот Пи Диди, кој е голем обожавател на Мејведер. Другата ѕвезда во рап музиката – 50 Сент, се обложи на далеку поголема сума, на 1,6 милиони долари, да победи Флојд. Двајцата јавно се сакараа, дури раперот изјави дека Мејведер е неписмен, но очигледно дека сега се пријатели, а 50 Сент се пофали дека ќе заработи солидни пари од овој меч.

Mani i flojd golema scena

Стратстни навивачи за Мејведер уште се рап ѕвездите – Снуп Дог, Лил Ким, Џеј Зи и неговата сопруга – пејачката Бијонсе. Поп ѕвездата Мараја Кери исто така ќе го поддржува Флојд, а крај рингот ќе е и миленикот на тинејџерките Џастин Бибер. Мејведер сепак има и поддршка од двајца актери – добитникот на „Оскар“ Џејми Фокс, како како и ѕвездата од „Спасувачи на плажа“. Најголемата ѕвезда во НБА – Леброн Џејмс, најави дека ќе навива за Флојд, но Мани ја доби поддршката на НБА легендата, Карл Мелоун.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО