Никола Ангеловски најдобар во Германија, со сребрен медал

Кумановецот Никола Ангеловски го освои сребрениот медал на Државното првенство на Германија во џиу џицу во борби, а го имаше златниот в рака. Тој настапува за екипата на Ханау.

Никола Ангеловски се бореше во категоријата до 77 килограми, бидејќи не можеше да ја симне тежината, но на Светското првенство ќе настапи до 69 килограми. Во првата борба се стрена со Робин Зибер од Гелзенкирхен. Го победи со 12-8. Потоа го се сретна со репрезентативецот до 77 килограми, Даниел Змеев од Раштат, притоа Ангеловски доминираше во првиот дел и на крајот победи со 8-5.

Во финалето се сретна со другиот репрезентативец и германски шампион Фридолин Вах од Бернау. Овде Никола Ангеловски ги покажа сите свои вештини и доминираше во борбата од самиот почеток. Веќе славеше со резултат 13-8 поени и на само 25 секунди се случи нешто што е тешко да се поверува. Никола Ангеловски се бореше во партер. На само 10 секунди, тој се „спушти“, за да го избегне првиот дел. Со ова ќе го намалеше времето и ќе победеше со 13-10.

„Откако Никола ми намигна, исто така бев сигурен дека борбата е приведена до крај и ми беше мило. Но, кога го погледнав во судискиот одбот, сфатив дека е предоцна. Вах веќе имал ипон во првиот и вториот дел. Со ипон на татамито (партер), Никола се откажа од борбата“, објаснува тренерот Јенс Готвалд.

Никола Ангеловски покажа дека е прв во државата и по неговото радување, но само што направи грешка. За жал, борбата беше изгубена, а Никола се бореше извонредно и го освои сребрениот медал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО