Нгану веројатно оди на операција на коленото, а УФЦ му се заканува со тужба

Френсис Нгану ја одбрани титулата во тешка категорија на УФЦ минатиот викенд со победата против Сирил Гане.

На прес-конференцијата по натпреварот Камерунецот повтори дека промоцијата нема почит кон него, а се надева дека со новиот договор ќе се решат некои работи.

Нгану лани по победата против Миочиќ инсистираше на повисок хонорар и како би можел да добие боксерска лиценца со новиот договор.

Се надеваше и на меч против Џон Џонс. Но, сето тоа не се случи.

Најголемата светска ММА промоција одговори со организирање меч за привремент шампион меѓу Сирил Гане и Дерик Луис, што дополнително го налути Френсис.

„Сакам да бидам слободен и да го правам она што ме прави среќен. Не сакам ништо да ме ограничува, можете да бидете слободни и да се борите за УФЦ. Наводно сме независни од другите и затоа се потребни промени“, рече Френсис Нгану и додаде.

„Се што пишува во договорот некако не држи во заробеништво, а јас се борам да се ослободам од него. Ништо не можете да направите, немате права, договорот е едностран. Немаме здравствено осигурување, иако го ставаме на ризик нашето здравје и тело за да дозволиме некому забава“.

Шампионот нагласи дека борците го ризикуваат своето здравје при секое влегување во октагонот.

„Јас сум за некои промени во договорите. Сакам мојот статус во УФЦ да биде јасно дефиниран. Тие ја држат целата моќ во свои раце, а кога првпат нема да кажете „да“, ќе ве уништат“, истакна Френсис Нгану.

Шампионот откри дека УФЦ инсистирала да потпише нов договор пред мечот со Гане.

„Не беше добра понуда, понудија подобра заработка, но ништо од тоа што го барав. Парите се примамливи, но не се работи само за тоа. Парите не можат да ја поправат оваа ситуација“, изјави Френсис Нгану и најави дека не сака да се бори според сегашните услови во договорот, подготвен е да паузира една година и да чека да му истече договорот.

Предаторот го повреди коленото три недели пред средбата против Сирил Гане и најверојатно ќе треба да оди на операција.

„Ситуацијата не е добра. го повредив предниот вкрстен лигамент и мислам дека ќе треба да одам на операција. Во разговорот со тимот решив да се борам, иако докторот не беше за тоа, бидејќи можен удар во коленото може да предизвика огромна штета. Но, тоа не можеше да ме спречи“, подвлече Френсис Нгану.

Менаџерот на Нгану, Маркел Мартин, наводно добил закана од УФЦ да го тужи, поради наводен разговор со Накис Бидаријан, еден од застапниците на Џејк Пол. Мартин тогаш добил заканувачка СМС порака.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО