Нгану: Реваншот со Миочиќ дефинитвно нема да заврши како првата борба

Френсис Нгану (14-2, 9-2 УФЦ) го чека реваншот со Стипе Миочиќ (19-3, 13-3 УФЦ).

Откако беше поразен во јануари 2018 година со едногласна одлука во борбата за појасот на УФЦ, Нгану  разочара во неговиот следен настап со бледото издание против Дерик Луис и уште еден пораз на поени.

 33-годишниот камерунско-француски борец се опорави од овие порази и во следните три меча експресно ги нокаутира Картис Блејдс (за 45 секунди) прекинувајќи ја неговата низа од шест борби без пораз, па поранешните шампиони Каин Веласкез (за 26 секунди) и Жуниор дош Сантос (за 71 секунда).

Откако Миочиќ си го врати појасот нокаутирајќи го Даниел Кормиер, „Предаторот“ се наметнува како најлогичниот избор за следен предизвикувач. Нгану очекува дека до реваншот би можело да дојде до крајот на годината.

„Чекам. По мојата последна борба Дана Вајт ми рече дека треба да видиме како ќе заврши реваншот меѓу ДК и Стипе. Чекам и подготвен сум”, изјави тој за ММА Џанки.

„Мислам дека ќе му се реванширам. Борбата дефинитивно нема да заврши како првата. Се надевам дека ќе се одржи оваа година. Тоа би било одлично“.

Нгану се надева дека УФЦ може да го одржи настанот и на африканскиот континент.

„Се надевам на тоа, но не знам дали се подготвени тие да го напрват тоа. Не можам да дочекам да видам што ќе биде со тоа. Без разлика дали е во Нигерија или Камерун. Да речеме прво во Нигерија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО