Мек Грегор преговара за бокс меч со Лук Келер

Конор Мек Грегор се спрема за враќање на борбите, неодамна на Твитер објави датум за кој се претпоставува дека ќе се врати на борбите.

Меѓутоа медиумите сега откриваат дека Мек Грегор нема да се врати во ММА меч, туку во боксерска пресметка против боксерит Лук Келер.

Конор и Келер започнале преговори за борба на 14 декември, а наскоро би требало да стане јасно дали овие двајца ќе се борат на датумот кој го објави Конор (14 декември).

Келер претходно објави дека имал жесток судир со Мек Грегор преку телефон и дека се договориле за борба.

Ќе потсетиме, Мек Грегор веќе зад себе има еден бокс меч. Во спектакуларна борба во 2016 година беше поразен од легендарниот Флојд Мејведер.

Во тој меч Ирецот покажа завидно ниво на бокс, но едноставно беше премногу слаб за еден од најдобрите боксери на сите времиња. Сепак, против Келер сигурно има повеќе шанси. Овој боксер е сопственик на ВБО титулата шампион на Европа, а во кариерата има скор од 17 победи и два порази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО