Нгану му порача на Миочиќ: Благодарам што ми ја чуваш титулата, но доаѓам да те нокаутирам!

Френсис Нгану цврсто застана на местото за предизвикуивач на Стипе Миочиќ за титулата во тешка категорија на УФЦ откако брутално го нокаутира Алистер Оверем со аперкат во нивниот вчерашен меч на УФЦ 218.

По победата се обрати до Миочиќ со предупредување дека доаѓа да му одземе појасот, кој така грижливо му го чува.

„Сакам само да му кажам на Стипе дека доаѓам. Доаѓам да си земам титулата. Му благодарам што ми ја чува, но веќе е време да ми ја предаде. Тој е само привремен носител. Вистинскиот шампион е тука и доаѓа“.

Нгану не очекува шампионската средба да го изненади некого.

„Духот на Стипе ќе заврши со нокаут, нема друга опција, тоа ќе биде лесна средба, не мислам дека можеме да се бориме долго – само брз нокаут и да си одиме дома“.

Силни зборови. Со својот последен настап Нагну ја постигна шестата последователна победа во октагонот, инаку е десетта последователна во кариерата која почна во 2014 година.

Средбата со Миочиќ би требало да се одржи на почетокот од следната година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО