Нгану може да нокаутира секого: Немам боксерско искуство, но знам да се борам

Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија Френсис Нгану вели дека е природно роден борец способен да го нокаутира Ентони Џошуа.

Камерунецот во петок во Ријад се бори против Еј Џеј, двократниот светски шампион во тешка категорија, тоа ќе биде негова втора борба во професионалниот бокс.

Нгану загуби со поделена одлука против шампионот на ВБЦ Тајсон Фјури во своето деби минатата година, а сега е подготвен да го шокира боксерскиот свет.

„Го завршив мојот тренинг камп и се чувствувам добро. Имав осум недели напорна подготовка и чувствувам дека направив се што беше можно“, изјави 37-годишниот Френсис Нгану за Скај спорт и додаде:

„Верувам дека можам да нокаутирам секого со мојот удар, ако добро го погодам. Но, тоа е најтешкиот дел. Треба да ја распределите силата и енергијата за да издржите десет рунди, а ако се заморите рано, тешко е да нокаутирате некого. Немам боксерско искуство, но не се залажувајте – знам да се борам. Мојот борбен дух е висок, како и кај другите борци. Тешко дека можеш да станеш борец ако не си роден. И јас верувам во тоа“…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО