Незапирливиот Кро Кап пред 17 години во првата рунда го скрши Колмeн (ВИДЕО)

Најголемата светска ММА организација потсети на уште една борба на легендата на боречките вештини Кро Кап.

На Фејсбук на УФЦ е објавено видео од борбата на Мирко Филиповиќ и Американецот Марк Колмен.

На настанот „Pride 29: Fists of Fire“ одржан на 20 февруари 2005 година во Саитама, Кро Кап го победи американскиот борец со нокаут во првата рунда.

Колмен најави дека во најбрз можен рок ќе го демолира Мирко и ќе се обиде да ја заврши бробата на партер.

Сепак, Кро Кап на почетокот успешно се одбрани, а потоа мечот го заврши со серија силни удари.

„Мирко Кро Кап беше еден од најзлобните луѓе во светот“, се вели во објавата на Фејсбук страницата на УФЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО