Го собори противникот и се обиде да удри, заборави дека е на боксерски меч (ВИДЕО)

Видеото од потегот на кубанскиот борец Алберт „Ел Индија“ Блас брзо се рашири на социјалните мрежи.

Имено, Кубанецот заборави дека е на боксерски меч на настанот Global Legion FC 20 кој минатиот викенд се одржа во Рок Хил во Јужна Каролина.

Блас го крена противникот во воздух и го собори на грбот, па се обиде да го удри.

Неговиот потег ги збуни гледачите и коментаторите, а најмногу го изненади противникот.

Блас е ММА борец, кој во професионалната кариера има три победи и исто толку порази.

Кубанскиот борец се бореше според правилата на ММА на последниот настан и го победи Хозе Луис Васкез.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО