Џони Вокер по бруталниот нокаут: Заспав, нешто очигледно не беше добро (ВИДЕО)

Џмахал Хил го победи Џони Вокер во борба во полутешка категорија на УФЦ Фајт најт 201 во Лас Вегас.

Американецот во средината на првата рунда со одлично кроше го погоди противникот кој заспа на нозе.

Вокер падна на земја, а Хил веднаш се нафрли врз него.

Тој уште еднаш го удри со тупаница и со рамото во главата пред судијата да ги раздели.

Тоа беше десета победа за Хил во кариерата и четврти пораз за Вокер во последните пет натпревари.

По борбата Бразилецот снимил видео во хотелска соба, во друштво на девојката Тара Кембел, тренерот Џон Каванаг и другите членови на тимот, а ги искажал своите впечатоци од средбата и покажал какви последици претрпел на лицето од ударот на Хил.

„Добро сум, имам само една исеченица. Заспав во тепачката, очигледно нешто не беше во ред. Ќе јадеме, ќе бидеме среќни, а потоа на следните борби“, изјави Џони Вокер.

Бразилскиот борец одлично влезе во мечот, а прими и неколку добри удари.

Се држеше на дистанца и сè му изгледаше добро се до моментот кога Хил ја искористи неговата непромисленост и го удри со моќно кроше.

Првиот вистински удар значеше и крај на мечот за Џони Вокер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО