Неверојатно: Фјури ќе му ги бакнува чевлите на Кличко за да се бори со него!

Tajson fjuri baknuva cevli

Британскиот профи боксер во тешка категорија, Тајсон Фјури, е подготвен на се за натпревар со светскиот шампион во тешка категорија на Владимир Кличко.

„Ако Кличко претпочита да се бори со мене, а не да го остави својот појас на светски шампион во верзијата на СБО без носител. Тогаш, во рингот ќе тргнам кон него и пред сите ќе му ги бакнам чевлите. Но Кличко нема да се бори со мене“, напиша Тајсон Фјури во својот личен профил на социјалната мрежа „Твитер“.

Украинец Владимир (38) е светски шампион во тешка категорија на Меѓународната боксерска федерација (ИБФ), Светската боксерска асоцијација (СБА) и Светската боксерска организација (СБО).

Последниот натпревар на Владимир Кличко беше на 15 ноември минатата година во Хамбург, кога Украинецот го победи бугарскиот професионален боксер Кубрат Пулев со нокаут во 5 -тата рунда и ја одбрани светската титула на ИБФ.

http://youtu.be/WTYWRk15x6g

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО