Нејт Дијаз сака да присконе наместо Холовеј на УФЦ 222!

Откако Макс Холовеј мораше да се откаже од настапот на УФЦ 222 поради повредата на коленото, се поставува прашањето што ќе направи УФЦ за да го „спаси“ овој настан. Френки Едгар се уште сака да настапи на истиот настан, а во меѓувреме се јавија многу борци кои се подготвени да скокнат и да ја спасат работата.

Но, сепак, едно име се издвојува. Оној, супер популарниотУФЦ-овец, Нејт Дијаз, кои долго време бега од октагонот, кој во последните неколку месеци повторно тренира напорно и се подготвува за враќање.

Во интервју за ЛА Тајмс, Дијаз разговараше со новинарот Ленс Пуџмире кој во неговиот „твит“ (пред интервјуто) откри дека Дијаз е заинтересиран за настап на УФЦ 222.

„Најдобрата опција за пополнување на дупката што се направи поради отркажувањето на Макс Холовеј од УФЦ 222 е Нејт Дијаз. Тој ми кажа дека 100 проценти е заинтересиран да скокне. УФЦ направете го ова“, стои во твитот Пуџмире.

УФЦ 222 по распоредот е на 4 март, но, како што стојат работите сега, Едгар наместо со Холовеј би се борел Брајан Ортега. Но, навивачите дефинитивно би биле посреќни со опција по повеќе од една година во арената повторно да го видат ултра популарниот Нејт Дијаз.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО