Домашните „странци“ Далибор Богданов и Ангел Зафиров го засилуваат Вардар, како и рускиот тренер Гаџимурадов

И БК Вардар се засили со домашните „странци“ Далибор Богданов и Ангел Зафиров кои настапуваат во Швајцарија и Гeрманија.

Богданов минатата година имаше многу добар скор во пониксите германски лиги, а настапи и во ММА и во Швајцарија. И Богданов и Зафиров се поранешни борачи на Балканец. Зафиров има настапувано и на европско и на светско првенство.

Покрај ова, Вардар се засилува и на стручен план, Ахмед Гаџимурадов, кој е втор човек во руската репрезентација (од Краснодар) и најдобар инструктор за грчко-римски стил.

Од црвено-црните си замина Халил Зубаиров во Лирија, а ја оспоруваат регистрацијата на Владимир Егоров за Балканец и најавуваат разрска на суд. Или Балканец да поднесе ново барање за трансфер на Егоров во законскиот рок (9 февруари) Вардар ќе им излезел во пресрет и ќе му дал исписница на борачот по претходен договор на двата клуба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО