Џошуа: Се надевам дека Паркер нема прерано да биде нокутиран

Ентони Џошуа (20-0, 20 КО) се надева дека Џозеф Паркер (24-0, 18 КО) дека добро се подготвува и дека нема прерано да го заврши нивниот меч за обединување на титулите во тешка категорија.

По неколкумесечни преговори борбата меѓу ВБА, ИБФ и ИБО прваци од една, како и ВБО шампионот од друга страна е договорена за 31 март во Кардиф.

„Се надевам дека добро тренира“, рече за Скај спорт и додаде дека сака на луѓето да и пружи вистинска вредност за цената на билетот.

„Се надевам дека е во форма, бидејќи луѓето чекаат 10-12 недели за нашата борба, не би било во ред да падне во првата или втората рунда. Се надевам дека е фит и подготвен за добра борба, бидејќи јас сум“.

Последните три битки на Паркер траеја сите 12 рунди.

Во воведниот дел од настанот задолжителниот предизвикувач на ВБА Александар Поветкин ќе боксира со Дејвид Прајс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО