Нејт Дијаз не сака трета борба со Мек Грегор

Нејт Дијаз нема никаков интерес по трет пат да се бори против Конор Мек Грегор, кој веќе неколку пати изјави дека ќе му пружи реванш-шанса на Дијаз. Мек Грегор излегува во недела наутро против Хабиб Нурмагомедов ќе се бори за титулата во лесна категорија, а по оваа борба сакаше да направи трилогија со Нејт, но нејт е со свои планови.

„Веќе ви кажав дека не ме интересира битката меѓу нив, бидејќи веќе ги шамарав. Мора да престанат да се преправаат и да разговараат, бидејќи има само еден крал и тој е пред вас. Што се однесува до нивната битка, мислам дека Конор има подобар стил на борба. Хабиб стравува за животот и не знам како ќе се справи со тоа. Тој може да се исплаши и да бега за спас на животот. Се надевам дека ова нема да се случи и ќе гледам борба, бидејќи не сакам двајца кукавички шампиони.

Не навивам за никого и сакам взаемно да се нокаутираат. Ајде да ја видам борбата и се надевам не стравуваат за животите. Тоа момче Нурмагомедов не се борел со никого и во секоја битка бега за спас на својот живот. Се бори како мала кучка. Нема да учествувам во ниту една трилогија. Веќе му го наплескав газот. Тој може да се бори против други, бидејќи имам свои работи со кои ќе се занимавам.

Немам интерес и за битка со досадниот Хабиб, бидејќи веќе го натепав на улица и тој ги викна пријателите, но јас ги натепав и нив. Пи.ки“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО