Нејт Дијаз ќе му ги врати парите на фан кој се обложил на победа против Масвидал

Нејт Дијаз ќе му ги врати парите на својот обожавател, кој ги заложил парите на него, а кои му биле за кирија, но Нејт загуби ода Хорхе Масвидал во Њујорк, па така приврзаникот бил принуден да спие во автомобилот. Очигледно Нејт е допрен од чинот на обожавателот, кој морал да спие во автомобилот додека собере пари за кирија, па го израдува со тоа што ќе му ги врати парите со кои се обложил.

Сè уште не е јасно дали тоа ќе се случи, но Дијаз веројатно нема да даде ветување за милиони на социјалните мрежи и потоа да не го исполни. Не е јасно на колкава сума се обложил навивачот, но мал проблем ќе биде Нејт да издвои дел од 500.000 долари што ги заработи од битката со Масвидал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО